речник контакт

И обновена, зградата на железничка станица во Велес заклучена осум месеци

Реконструкцијата започна во мај 2015-та две години подоцна, вратите затворени

Петар Печков

Зградата на Железничката станица во Велес е заклучена. Иако е готова, заврши нејзината реконструкција уште во октомври минатата година, таа е се` уште под клуч. Не е достапна за патниците, па тие  мораат билети да купуваат преку импровизиран шалтер на отворено.    

Од Македонски Железници за одговор препраќаат кај финансиерот,  оти тие не биле надлежни за обновата.   И додека се чека  да се предаде на користење, истата судбина ја имаат и железничките станици во Чашка и Богомила, кои се исто реновирани ама не се официјално предадени за користење.

Во текот на јануари, кога имаше длабоко минусни температури, времено беа отворени вратите од чекалницата, за да  не стојат патниците на снег и мраз. Но потоа пак се затворија, чекајќи официјално пуштање во употреба, кое никако да се случи и по осум месеци од завршувањето на градежните работи.

Додуша  и тие доцнеа цели 10 месеци повеќе од терминот кога требаше да се заврши 31.12 2015-та а средствата се обезбедени од фондови на ЕУ.   Така објектот е  затворен цели две години, не е  во функција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »