речник контакт

И оваа академска година 50 слободни места на Технолошко - техничкиот факултет од Велес

На двете насоки прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни

Петар Печков


Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Техничко- технолошкиот факултет, од есен во новата академска година 2022/23  ќе  запише 50 бруцоши.

Ова е согласно конкурсот за упис на  студенти во прва година, кој  го објави  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи  овој факултет.  

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.

Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти. 

Ова е четврта година по ред  со  ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Техничко -технолошкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.

Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока:  29-ти и 30-ти  август;  14-ти  и 15-ти  септември и на  26-ми  септември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »