речник контакт

И овој Бадник, хуманитарен ручек за социјално ранливите категории од Велес

За Нова година и Бадник подeлени билe илјада топли оброци

Петар Печков

И овој Бадник се реализираше хуманитарна акција, бесплатен ручек за граѓаните од социјално ранливите категории. Акцијата се реализира во соработка со Гостилница Боем и Здружението Нула гладни во Велес.

Денес се поделија 500 бесплатни топли оброци. исто толку беа подделни и пред Нова година за семејствата кои живеат во социјален ризик. Акцијата ја реализираа волонтери од Општинската организација на Црвен крст од Велес. 

Ова беше трета, по таа и за Св. Никола и за овие празници последна хуманитарна акција. Вкупно биле поделени  1820 оброци, за тие на кои  им е потребна. 

Овој празничен Бадников ручек бил обезбеден од страна на помогателите но и со голема помош од  семејство Здравкин, Рибарница Мој крап, семејството Стојковски  од Нов Зеланд а подготвен од Гостилница Боем.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »