речник контакт

И овој фудбалски викенд, велешките екипи забележаа порази

КМФ Кеги моби и ЖФК Борец загубија во натпревари од Прва лига а во Втората ништо ново 13 последователен пораз за ФК Борец

Петар Печков

Во деветтото коло oд Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби загубија  на Чаир од актуелниот првак,  ФК Шкупи со 6:3 (4:2), кој оваа сезона е трето пласиран на табелата.  По ова коло велешани остануваат 4-то пласирани со 13 бода. Во следното коло  велешани повторно гостуваат, овој пат во Скопје на екипата на КМФ Железарец, која е  сосед на табелата 5-та со 10 бода.   Фудбалерките на ФК Борец во 10 коло од Првата лига, загубија од лидерот ФК Љуботен во Тетово со 11:0 (4:0). По ова коло велешанки се  10 од 12 екипи со една победа и три бода. Во следното коло  во Велес гостува РК Речица, која има бод повеќе и е едно место погоре на табелата. Во среда во 16 финалето  од Купот, велешанки треба да гостуваат во Македонска Каменица на екипата на Саса.  Во оваа фаза се игра еден натпревар, а победникот оди натаму.
 
На гостувањето во Гостивар, нов пораз за фудбалерите на ФК Борец, во Втората лига. Во 13 коло поразени се од ФК Беса која беше  9-то пласирана, со 3:0, Сите три гола домаќините ги постигнаа во вторите 45 минути. И натаму велешани го држат фенерот во оваа конкуренција без освоен бод. И домаќините и велешани натпреварот го завршија со играч помалку, имаа по еден исклучен фудбалер со црвен картон. Во следното коло повторно противник на ФК Борец е екипа од Гостивар, овој пат истоимената ФК Гостивар, која е второпласирана и со скопски ФК Вардар води борба за пласман во Првата лига.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »