речник контакт

И општина Велес поднесе жалба на решението по писмото за намери за рестарт на топилницата

Локалните власти грешката на државните институции ја гледаат во неинформираноста на јавноста во оваа процедура.

Петар Печков

 И општина Велес  поднесе жалба на решението на Министерството за животна средина, со кое на  фирмата,,Метрудхем,, од Скопје му се дава можноста да продолжи постапката за рестарт на топилницата. Локалните власти грешката на државните институции ја гледаат во не информираноста на јавноста  во оваа процедура.

Во оваа  постапка транспарентноста не беше почитувана до крај. Донесување на решение со кое Министерството за животна средина ја  задолжува фирмата што таа  треба  да работи, без за тоа да биде  ниту вклучена ниту известена општината е противно на законските одредби. Сакам да верувам дека е случаен пропуст, бидејќи се друго ќе ги плаши  граѓаните на Велес . Затоа бараме и од Управата и од Министерството да бидат максимално  транспарентни кон овие 50 илјади жители, кои бараат во законска постапка а не надвор од институциите на државата , да го остварат правото на здрава животна средина – изјави градоначалникот на Велес Горан Петров.

Најновите активности на сопственикот на топилницата ,,Метрудхем,, беа причина да се активира и одборот  ,,За спас на Велес,, каде присуствуваа и тројцата пратеници од Велес во републичкиот парламент.

И натаму сите  релевантни политички субјекти во државата, од премиерот, претседателот се со истиот непроменет став, топилницата не треба да работи на досегашната локација, со истата технологија и истата опрема. Нема причина, ниту тој  став да се промени. Сепак мора да се почитуваат процедурите, да се одговори на барањето на ,,Метрудхем,, за нивните намери за започнување со работа.   За сите нелогичности и нејаснотии   во оваа бирократска  постапката, добро е да ги прашаме изворно надлежните од министерството  - изјави Илија Димовски пратеник во собранието од ВМРО-ДПМНЕ.   

Иако имаме официјални ставови дека сите се против  топилницата не треба да се рестартира на постојната локација, не треба да оставиме можност во процедурата, во некои идни времиња да се носат поинакви одлуки. Тоа за велешани би било многу лошо и не е прифатливо – изјави  Марјан Николов пратеник од СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден  и Зелената коалиција од Велес поднесе жалба по решението  на Министерството. Преку ноќ Велес е излепен со плакати на управителот на ,,Метрудхем,, Тони Димитриоски,  преку кои му се порачува дека тој не е добредојден во градот

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »