речник контакт

И официјално, Бешовски градоначалник на Градско, Стојановски на Чашка

Државната изборна комисија ги потврди победите на двајцата кандидати на СДСМ во соседните општини

Петар Печков

Отфрлени се жалбите на Народното движење на Македонија за Општина Чашка, со што Горан Стојановски ДИК го промовираше за градоначалник на општина Чашка. Тој освои  70 отсто од гласовите на излезените гласачи.  Излезноста во општината во 31 избирачко место  во вториот круг беше  53,8%.

И Општина Градско доби нов  градоначалник. По 17 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, новата  локална  власт е  од СДСМ чиј кандидат е новиот градоначалник Роберт Бешовски. Тој освои  53,5% гласови во вториот круг на гласање. Излезноста во 11 избирачки места беше 71,8%.  

За потсетување и во третата соседна општина – Лозово победи кандидатот на  СДСМ – Ацо Велковски со 55,2% уште во првиот круг  на локалните избори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »