речник контакт

И пак, сообраќајка на пешачки

Пешакот удрен додека ја минувал улицата на обележан премин.Има ли крај на оваа црна серија сообраќајки на пешаци кои минуваат на пешачки премин....

Петар Печков

Во средата вечер на крстосницата кај Панини, се случи сообраќајна несреќа, во која пешакот е тешко повреден. Според СВР Велес до сообраќајката дошло кога автомобил ,,пежо,, со велешки регистарски таблички управувано од Г.Т. ( 42 год) го удрил старецот И.П. (88 год) кој минувал на обележан пешачки премин.  

Тој веднаш со возило на Итната помош бил пренесен во велешката Болница, примен на оддлението за ортопедија и констатирани се тешки повреди, скршеница на натколеница и на колк. Надвор е од животна опаност.

Има ли крај на оваа црна серија сообраќајки на пешаци кои минуваат на пешачки премин....

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »