речник контакт

И пак сообраќајка на пешачки

Овој пат пред Ќоше, повредна е велешанка, која минувала на обележан премин

Петар Печков

Утрово околу 8 часот, на улица Благој Ѓорев во близина на новата црква Св. Кирил и Методиј се случила сообраќајна незгода.  Во неа автомобил, марка фиат пунто, со скопски регистарска таблички, управувано од велешанец, удрил во пешакот С. Н. Која  ја минувала улицата на одбележан пешачки премин, кој се наоѓа спроти популарниот Ќоше.

Сведоците слушнале чуле удар и лелекање на повредената, која  од ударот била отфрлена од пешачкиот.  Биле пренесена во велешката Болница, каде е хоспитализирана. Таа била надвор од животна опасност, но со повреди поради кој мора да остане таму.

Од МВР ја потврдија  незгодата. Ова е трет случај за месец и половина во Велес, како  пешаци страдаат на пешачки премини. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »