речник контакт

И пијани и натепани на пречекот

Младите и алкохолот им создадоа полни раце работа на докторите

Петар Печков

Пречекот на Новата година мина во најголем дел мирно и без посериозни инциденти. Сепак дежурните во Велешката болница имаа полни раце работа во часовите по дочекот. На интерното одделение имало препиени млади лица.

Во новогодишнаната ноќ имаше седум случаи на алкохолизирани  лица, сите машки на возраст до 16 години. Тие се добро откако им ја дадовме неопходната помош – рече дежурниот доктор Горе Арсов.

По полноќ работа имаа и во хируршкото одделение. Таму пак  помош е давано на учесници во тепачки.

Имаше повеќе работа а во три случаи имавме тешки телесни повреди со скршеници на лица кои учествувале во тепачка во два ноќни клуба во градот. Повредените  се згрижени во Болница, имаат сериски скршени ребра, друг на раката трет повреди не главата – изјави дежурниот доктор Влатко Вишинов. 

За овие инциденти повеќе во наредните денови од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »