речник контакт

И по два и пол дена не може да се пронајде Спасе Димовски, исчезнат во надојдениот поток кај Белештевица (фото)

Семејството разочарано од односот на ЕВН - кога им требаше за помош веднаш го бараа и помогна, сега ги нема никаде

Петар Печков

Два и пол дена трае потрагата по Спасе Димовски (51 год) од Велес,  кој во четвртокот попладне исчезна во надојдената суводолица во близина на село Белештевица, велешко.  Семејството и блиските на Спасе се разочарани пред се од односот н ЕВН, кој ги немало никаде  да се јавеле и прашале  за помош.

Спасе  секогаш кога беше потребен за ЕВН беше тука. Имаа од него телефонски број и лето и зимо, кога ќе заглавеле го бараа за помош, да ги извади од калта, снегот. Така било и овој пат. Тој има штали таму и го викнале со тракторот да ги извлече. Ги извлекол, тие биле двајца со џипот и заедно со говедарот се качиле во џипот да се  вратат. Минејќи низ теренот, наишол потокот, водотекот, кој бил огромен и го однел возилото и Спасе, другите се спасиле - вели член на семејството.

Денес до доцна вечерва, тие биле на местото и го пребарувале теренот. Потокот сега бил мал, скоро и да немало вода. Но немало ниту трага од исчезнатиот Димовски.

Пребарувавме само членови на семејството и негови пријатели. Нема ниту полиција, никој да помогне од институциите на државата, оставени сме сами на себе - вели  член на потесното семејство, кој бара луѓе и помош  за пребарување.

Претходно МВР информираше дела на 6-ти август во 14.47 часот во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид  со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода  Димовски  и  возилото на ЕВН биле однесени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »