речник контакт

И по две години, дел од опожарените дрва на езеро Младост близу забавните паркови не се отстранети

Тие се наоѓаат во делот на опфатот на деталниот урбанистички план и се во надлежност на локалната власт, која треба да ги отстрани

Петар Печков

Изгорените дрва од пожарот на 26-ти август 2019-та се уште сведочат за големата огнена стихија, која ја опустоши шумата од околината на езеро Младост.

Иако минаа две години, дел од нив  се уште  не се отстранети  и се грда слика, посебно за содржините од забавниот парк и паркот на авантурите, кој беа уредени со средства од ЕУ и Швајцарија.

Тие се наоѓаат во делот на опфатот на деталниот урбанистички план и се во надлежност на локалната власт, која треба да ги отстрани.

„Приоритет дадовме на површните кои требаше да се уредат и веќе се завршени, тоа се двата парка. Не знам дали можеме во текот на оваа изборна кампања нешто да сториме, немаме предвидено средства. Не можат да се прават јавни набавки во текот на кампањата. Останува за следната локална власт тоа да го среди“ - објасни Коцевски.   
Дрвата во погорните, повисоките зони на езеро Младост,  се во надлежност на ЈП Македонски шуми.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »