речник контакт

И повторно Македонски Железници укинува возови

Меѓународните возови што сообраќаа на релација Скопје - Солун - Скопје се укинати со еднострана одлука на грчките железници а МЖ укина е и по еден воз од и за Кочани.

Петар Печков

Укинати се меѓународните возови кои од Велес кон Солун сообраќаа во 08.11 и во 18.13 и од Солун кон Скопје, кои во Велес беа во 8,12 и 19,36.

На релација Скопје - Гевгелија - Скопје воведува нов пар патнички возови, кој ќе тргнува од станицата во Скопје во 9 часот, во Велес ќе бидат во 9,50 и ќе пристигнува во Гевгелија во 11 часот и 39 минути.

Од Гевгелија возот ќе тргнува во 9 часот и 56 минути,  во Велес ќе биде во 11,50 а пристигнувањето во Скопје е предвидено за 12 часот и 40 минути.  Со новиот пар патнички возови сега кон Гевгелија ќе сообраќаат три пара возови.

На релација Скопје - Кочани - Скопје и од 15 април до  15 октомври се укинува по еден пар ноќно-вечерни возови, освен во недела и празнични денови. Во овој временски период кон Кочани ќе сообраќаат еден пар возови. Се укинува возот од Скопје за Кочани кој во Велес беше во 03,15 часот наутро и од Кочани кој тргнува во 5,50 а во Велес  за Скопје беше во 7,49 часот.

Пред две седмици ЈП МЖ – Транспорт укина уште по еден пар возови кои сообраќаа на релацијата помеѓу Велес и Скопје и обратно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »