речник контакт

И повторно повеќе оздравени отколку ново заразени во велешко со ковид-19, еден пациент починат

Се намалува бројката на хоспитализирани во велешка Болница, таму се 85 пациенти, активни во велешко се 679 случаи

Петар Печков

Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко. Бројките за изминати 24 часа на Институтот за јавно здравје, покажуваат дека во велешко има 36 ново заразени а дури 54  оздравени. Или активни се 679 случаи а досега во велешко има 5.242 заразени.

Едно лице од Велес, на возраст од 76 години е починато во болница во Скопје, позитивно на ковид-19. Тоа е 158 жртва од последиците на ковид-19.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 85 пациенти,  од кои 71 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и десет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 46 пациенти.  Испишани се 12  пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во Инфективно одделени се 35, на Интерно  девет  во Физикална 11 а во Модуларна болница  се 30 пациенти.

фото: Ангел Јорданов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »