речник контакт

И повторно сообраќајка на мопед со автомобил

Сообраќајката се случила близу Којник. Момчето поради тешките повреди пренесено во Ургентен

Петар Печков

Утрово на патот кон Којник, се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и мопед.  Момчето кое управувало со мопедот, поради тешките повреди е пренесено во Ургентен. Сообраќајката се случила околу 8ч. 

На ул.“Васил Ѓоргов“ пред куќен број 33 случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Шевролет спарк“ со рег.бр. ВЕ 250-БТ, управуван од Ј.Х.(43) од Велес и мопед непозната марка без рег.броеви, управуван од А.С.(23) од Велес. При сообраќајката  возачот на мопедот има добиено тешка телесна повреда и е пренесен во Општа болница – Велес, а по укажаната медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје на понатамошно лекување – пишува во информацијата на СВР Велес.

Во саботата попладне близу населба чашка се случи слична сообраќајка, во која учествуваа автомобил и мопед а 17 возач на мопедот беше префрлен на Ургентен во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »