речник контакт

И покрај ковид кризата, на Мегдан се подготви бел грав за Чист понеделник

Белиот грав се делеше на гостите за домашна употреба, немаше заеднички ручек.

Петар Печков

Традицијата на чист понеделник, на Мегдан продолжува и во време на ковид условите. Денес, првиот понеделник  по Прочка, се подготви белиот грав, но  на гостите за овој дел на градот, се служеше за домашно користење, немаше заеднички ручек.    

 „Ваква била традицијата пред многу години. Секој  кој доаѓал, носел со себе сад за бел грав и кој потоа се носел во домот. Важно е што и покрај ковид условите, подготвивме бел грав, во двојно помало количество отколку претходните години, бидејќи не очекувавме  бројни гости. Ја продолживме традицијата“ - рече Ицо Ивчев, Картуш.  

Тој ја обнови традицијата пред 15-тина години. Годинашен кум на настанот беше Трајче Кулев, жител на Мегдан, кој го обезбеди гравот и потребените состојки за подготовка.  Белиот грав традиционално го подготви Тодор Иванов, Башката.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »