речник контакт

И покрај најавите за пласман на праските од Росоман во Украина, родот засега остана во магацините

Овоштарите од Росоман се најголемите производители на праски во земјава и разбирлив е нивниот страв, што со родот

Петар Печков

Праските од Росоман останаа по магацините, бидејќи има извоз на мали количества  во при Балтичките републики и Хрватска. Најавите дека Македонија потпишала договор за без царински извоз во Украина, замена за  изгубениот пазар со Русија,   засега било само на зборови, без конкретни зделки.

„Слушаме дека Владата договорила извоз за Украина ама засега ништо. Ниту некој купувач се јавил да праша што имаме да продадеме, ниту некој се заинтересирал за родот. Пласманот на праската  е веќе проблем.  Годинава имавме среќа што не` ги фати мразот праските при цутењето. Имаме проблем и со хаваријата со хидросистемот „Макарија“ но времето беше наша страна со врнежите од дожд, има вода повеќе отколку што треба. Проблеми ќе имаме со монилија, габична болест кај коскестите овошки, која предизвикува скапување“ - вели производител на праски од Росоман.   

Овоштарите од Росоман се најголемите производители на праски во земјава и разбирлив е нивниот страв, што со родот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »