речник контакт

И покрај шансите за гол, ФК Борец загуби во Штип

Победа за ФК Превалец во Трета лига Југ, пораз за ФК Локомотива во Втора лига Југ

Петар Печков

Ништо ново за фудбалерите на ФК Борец, загубија со високи 3:0 (1:0) во Штип од екипата на ФК Брегалница. Ова беше натпревар од 23-тото коло, прв од третиот и последен круг на Првата лига. 

За разлика од претходните натпревари, на овој велешките фудбалери имаа шанси, пречка но немаа ефикасен голгетер. домаќинот си ги искористи своите шанси и стигна до три бода, и се зацврсти на   5-тото место со 36 бодови а Борец останува претпоследен, со само  13 бода  без реални шанси за опстанок.  Следното коло, сабота ФК Борец игра дома со екипата на ФК Македонија ЃП, која е 4-та со 40 бодови.

Пораз во Втората гига Исток за фудбалерите на КФ Локомотива од Градско, во Кочани од петто пласираниот  ФК Осогово со убедливи 6:0 . И натаму ФК Локомотива е последна, 10-та  во оваа конкуренција, 10-та  Во следното 20-то коло, кое се игра в недела,во Градско гостува екипта ан ФК Каменица  Саса, која е  четврто пласирана

Единствена која победи од велешките фудбалски екипи е ФК Превалец во Третата лига Југа. Таа на гостувањето во Обршани, против истоимената екипа победи со 0:3 (0:1)  и  се зацврсти на врвот со три победи од три натпревари и еден натпревар помалку.  Во следното коло во Превалец, в недела играта со екипата на ФК Марена од кавадаречко, која ист така има три победи од три натпревари. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »