речник контакт

И работа и плата, бараат вработените од Колска

Ако не штрајк!

Петар Печков

Осум месеци  без работа, три месеци без плата. Таква е состојбата за  неколкуте стотина вработени во велешка Фабрика за шински возила Колска. Ова беше и повод тие синдиаклно да с е организираат, за да ги побараат овие нивни права, преку штрајк. Но и самата најава на  штрајкот, била доволна  да бидат повикани  на разговор во Министерството за транспорт  и врски, за да се надминат проблемите.  

Во Колска има повеќе месеци 30 вагони за поправка, подготвени сме да ги сработиме. Но од Бирото за јавни набавки нема дозвола за да ја извршиме  задачата. По нашата најава за штрајк, бевме повикани од министерот Мисајловски на разговор. Бевме ги кажавме нашите проблеми.  Од министерот добивме ветување дека ќе се реши проблемот со работа но и со неисплатените  плати. Тоа треба да се најде на денешната седница на Влада - рече претседателот на синдикатот на Колска, Слободан Димитриевски.

 АД  Колска е сто отсто државна сопственост.  ЈП Македонски железници транспорт на Колска и должело 24 милиони денари за извршени работи, за поправка на вагони, кои досега повеќе месеци не биле платени. Поради 130 вработени се без плати три  месеци.  А осум месеци повеќето од вработените,  се на 70 отсто плата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »