речник контакт

И со пет , шест, десет ученици во одделение, училишта побарале онлајн настава

Кое училиште со каква настава ќе има ќе одлучи Министерството за образование а Советот ќе потврди. Што покажале анкетите на родителите од учениците?

Петар Печков

Иако во одделенија има и по пет, шест, седум и до  11 и 12 ученици,  училиштата побарале да има онлајн настава. Ова се податоците кои локалната власт ги пласираше, по информацијата за велешките основни и средни училишта, каква настава ќе одржуваат.

Повеќето основни ќе имаат физичка настава до трето, освен во ОУ Блаже Конески каде ќе има и за четврто одделение, додека во ОУ Стоја Стојчевски Буридан во Иванковци училиштето побарало за сите до деветто одделение да има  настава со физичко присуство. Таму одделенијата бројат не повеќе од 10 ученика.

Сите четири средни училишта побарале да се одржува он лајн настава.  Во Хемиското има девет класa, некои и со по 11 и 12 ученика  и во Економското сите  18 се со помал број на ученици од минимално дозволениот -25,  а пет и помалку од десет ученици,  побарале наставата да не биде физичка. Градоначалникот  иако не се согласува со ваквата одлука на директорите, наоѓа оправдување.  

Поборник сум наставата да се одвива во живо и секаде каде може треба да се одржува така. За жал иако во некои училишта училниците се мали, не ги задоволуваат критериумите, колку метри квадратни површина треба да има по ученик, колку метри кубни воздух треба да има по ученик, можеби тоа е една од причините. Се согласувам дека таму каде има мал број ученици,  наставата да се изведува со физичко присуство - кажа градоначалникот Коцевски.   


ООУ Панко Брашнаров доставил барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I до V одделение и настава преку далечинско учење за учениците од VI до IX одделение. Според просторните услови учениците од I до V одделение би посетувале настава во три смени почнувајќи од 7.00, а последниот час е предвиден да заврши во 19.35 односно првата смена ќе започне во 7.00 и ќе заврши во 10.35, втората смена ќе биде од 11.30 до 15.05, додека третата смена ќе започне да работи во 16.00, а ќе заврши во 19.35. Според анкетите,родителите на учениците од I до V одделение се изјасниле дека 293 ученици се за физичко присуство додека 54 ученици се за онлајн настава.

ООУ Св. Кирил и Методиј  доставил барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I до III одделение и настава преку далечинско учење за учениците од IV до IX одделение. Според просторните услови учениците од I до III одделение би посетувале настава во две смени почнувајќи од 8.00, а последниот час е предвиден да заврши во 15.15 односно првата смена ќе започне во 8.00 и ќе заврши во 11.05, втората смена ќе почнува во 11.40 и ќе завршува најдоцна во 15.15. Според анкетите, родителите на учениците од I до III одделение исе изјасниле дека 214 ученици се за физичко присуство, а 14 ученика се за онлајн настава.

ООУ Блаже Конески  доставил барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I до IV одделение и настава преку далечинско учење за учениците од V до IX одделение. Според просторните услови учениците од I до IV одделение би посетувале настава во две смени почнувајќи од 8.00, а последниот час е предвиден да заврши во 15.15 односно првата смена ќе започне најрано во 7.20 односно 7.50 и ќе заврши најдоцна во 11.30, втората смена ќе почнува во 12.20 и ќе завршува најдоцна во 16.30. Според анкетите, родителите на учениците од I до IV одделение и се изјасниле дека 445 ученици се за физичко присуство, а 52 ученика се за онлајн настава.


ООУ Васил Главинов  доставил барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I до III одделение и настава преку далечинско учење за учениците од IV до IX одделениево централното училиште. Исто такво барање имале поднесено и за подрачните училишта во  Бузалково, Сливник, Клуковец додека во подрачните училишта во Раштани и Превалец учениците од I до V одделение ќе посетуваат физичка настава. Наставата во централното училиште ќе се изведува по принципот парна- непарна смена односно првата смена ќе започнува во 7.00, а ќе завршува најдоцна во 10.35 додека втората смена ќе започнува во 11.05, а ќе завршува во 14.40.  Според анкетите, родителите на учениците од I до III одделение и се изјасниле дека 555 ученици се за физичкa настава, додека 25 ученика се за онлајн настава.

ООУ Стојан Бурчевки Буридан  доставил барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I до IX одделение. Наставата вo сите подрачни училишта ќе се изведува само во прва смена и истата  ќе започнува во 8.00, а ќе завршува најдоцна во 12.00 додека во централното училиште во  Иванковци учениците ќе посетуваат настава во две смени односно првата ќе започнува во 8.00, а ќе завршува најдоцна во 12.00, а втората смена во централното ќе започнува во 12.30, а ќе завршува во 16.30.  Според анкетите, родителите на учениците од I до IX одделение и се изјасниле дека сите 83 ученици се за физичкa настава. Ниту еден ученик не се изјаснил за онлајн настава.


ООУ Рајко Жинзифов  достави барање за одобрување на реализација на наставата со физичко присуство за учениците од I, II, III и  VI одделение. Другите ученици ќе го применуваат моделот на комбиниран концепт на реализација на наставата. Наставата вo училиштето ќе се изведува само во прва смена и истата  ќе започнува во 8.00, а ќе завршува најдоцна во 12.50. Според анкетите, родителите на учениците од I до IX одделение се изјасниле дека 141 ученик се за физичкa настава, за комбиниран модел се 24, а за онлајн настава се 15 ученици.

ООМУ Стефан Гајдов доставил барање за одобрување на реализација на наставата со комбиниран концепт за сите ученици од I до IX одделение. Музичкото училиште ќе работи во две смени. Првата смена ќе започнува во 7.30 и најдоцна ќе завршува во 12.30, додека втората смена ќе започнува во 13.00, а ќе завршува во 18.30.

ОСУ Јовче Тесличков достави барање до МОН за онлајн настава, додека практичната и феријалната настава и проверката на знаењето на учениците ќе се одвива со физичко присуство.


ССОУ Коле Неделковски доставил барање за реализирање на наставата преку модел 2 односно комбинирана настава. Ова училиште ќе применува настава со учење од далечина за општообразовните предмети и теоретско -стручните предмети, додека ќе применува настава со физичко присуство на учениците на часовите по практична настава и вежби ќе се реализира во училиштето.

СОУ Гимназија Кочо Рацин доставил барање за реализирање на онлајн наставата со тоа што наставниците ќе изведуваат настава од училиштето.  


ССОУ Димитрија Чуповски бара одобрување на реализација на наставата за учениците од прва година да биде со физичко присуство во првата недела во учебната 2020/2021 година поради запознавање со класниот раководител, запознавање на наставните програми и наставниот кадар, а понатаму наставата ќе се одвива онлајн. Практичната настава ќе се реализира во кабинетите и лабораториите во училиштето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »