речник контакт

И стрип почетници и искусни автори цртаат стрип јунаци во Велес

Втора по ред стрип колонија, со 16 учесници од шест држави

Петар Печков

Деновиве во Велес,  по втор пат се одржува Стрип колонија. На неа учествуваат 16 стрип цртачи од шест земји, повеќето стрип уметници со искуство, дел почетници. Авторите доаѓаат од Хрватска, Словенија, Грција, Финска и од Македонија. Организатор на стрип колонијата ,,Велес 2019,, е Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес и е во склоп на Стрип салонот кој подоцна во текот на годината ќе се одржи во градот.  

Секој автор е обврзан да нацрта по четири табли, кои остануваат во сопственост на Стрип центарот и ќе бидат изложени на Стрип салонот. Целта на колонијата е  нашите  почетници стрип  цртачи, да им презентираме дел од работата на искусните автори од Европа.   Но и да ги афирмираме нашите автори - рече Ване Трајков, претседател на Стрип центарот. 

Се работи на слободни теми, секој автор црта свои јунаци и теми.  Тие се под менторство на српскиот стрип цртач, искусниот Владимир Весовиќ, раководител на позната белградска стрип школа ,,Ѓорѓе Лобачев,,. 

Имаме повеќе млади учесници, почетници што е добро за колонијата. Им помагаме да го најдат патот по кој ќе творат, да ги упатиме во уметноста. Мене ми е задоволство што втора година по ред работам со стрип цртачи. Тоа е добар пат да се создаде основа за да имате подоцна професионалци. Искусните стрип цртачи разменуваат мислења, искуства, кој што работи,  каде работи - вели Весовиќ. 

Меѓу учесниците има и тројца професионалци, стрип цртачи кои живеат од оваа уметност. Тие доаѓаат од Словенија, Хрватска и Финска. Сите се по прв пат во Македонија. Престојувале на стрип фестивали, стрип салони, но не и на стрип колонија.

Со радост ја примив поканата. Има многу фестивали  во државите на поранешна Југославија, каде на сите без исклучок сум присуствувал. Сум бил и во повеќе европски државни, оваа колонија е новина. Ми се допадна, се работи со многу ентузијазам но и со љубов. Разменувам искуства со колегите - вели  Исток Ситар од Словенија, кој своите стрип јунаци ги објавувал во словенските медиуми весниците Дело, Дневник иако за нив  денес има се помалку простор. Црта повеќе  општествено- критички стрипови, помалку хумористични, објаснува дека има доволно материјал, во словенечката политичка сегашност за актуелните стрипови.

Воодушевен сум од работата и атмосферата овде. Важно е дружењето, воспоставувањето контакти со други автори, размена на искуства, идеи. Може да с се научи, како други работат, каков пристап имаат до медиумите, кои техники користат, за издавачите, се низ разговор и комуникација. Ние кои сме авторски стрип цртачи во Хрвтска живееме од друго, јас конкретно цртам анимирани филмови - изјави  Марко Дјешка автор од Хрватска,кој работи повеќе за интернет, бидејќи во хрватските медиуми нема голем простор за стрипот. Повеќето стрип цртачи во оваа земја работат за странство, за Марвел

Авторите творат и престојуваат во спомен куќите на Касапови и Џинот колонијата финансиски е поддржана од Министерството за култура и Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »