речник контакт

И тие имаат право на подобар живот

Голем интерес на велешани за добивање на прехрамбена картичка со која по осетно намалени цени ќе можат да пазарат од продавниците на ,,Жито Вардар,, .

Петар Печков

 За три дена од почетокот на дистрибуцијата, повеќе од 750 лица ( среда 10 часот), пензионери  со примања до осум илјади денари и социјални случаи, подигнале вакви картички.  Три дена турканици пред вратите на Управната зграда каде пензионерите и социјалците чекаат да ја добијат документацијата. Со нив тие ќе можат да купуваат леб за 13 наместо 25 денари, месо и сувомесни производи за  20 отсто по ефтино и брашно и јајца за 25  отсто пониски цени.

Добро е што некој и за нас, од оваа категорија граѓани  до Велес, самоиницијативно се сети да ни помогне на овој начин. Одличен потег на компанијата а на задоволство на пензионерите и социјалци – велат луѓето од оваа ранлива категорија. Во Велес има  девет илјади пензионери и две илјади социјални случаи. Од Жито Вардар очекуваат дека ќе распределат илјада социјални картички, но можат да прифатат и две илјади барања.

Акцијата не е ограничена временски а може да се купува стока во вредност за две илјади денар месечно. Тие се решиле на ваков чекор за да може нивните производи да бидат достапни на поголем број купувачи, при што се откажале од добивката на сметка на овие категории  сиромашни граѓани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »