речник контакт

И турските студенти засадуваа рози во Велес

Тие се студенти на МИТ универзитетот

Петар Печков

Дваесетина млади Турци, студенти на  МИТ универзитетот во Скопје дојдоа во Велес, да бидат дел од акцијата “Македонија земја на цвеќето- земја на розите” .

Откако тие на ТРТ, Турската национална телевизија го гледале документираниот филм ,,Велес капут,, а неодамна и екологистот Игор Смилев бил нивен гостин и одржал трибина за екологијата во градот, тие се решиле да дојдат и активно учествуваат во зазеленувањето на градот.

 Ми претставува особена чест мене и на моите колеги, што сме дел од овој настан и дадеме наш скромен придонес.  Искрено се надеваме дека првиот ден на пролетта  ќе донесе нова пролет во срцето ан секој граѓанин на овој  прекрасен град. Новите садници пак ќе донесат нова надеж за еколошка, материјална и духовна обнова – рече Џенгис.

Цела Турција беше возбудена кога го гледаше филмот, кој повеќе пати се емитуваше на телевизија.  Среќни сме што можеме  барем на  овој  начин да ја возвратиме љубовта и прифаќањето со кои бевме дочекани во Велес и Македонија.  Студирањето не е само учење, туку и собирање на животно искуство. Тоа е и преку вклучување во вакви акции  кои промовираат општествена одговорност, ни помагаат д се интегрираме и се здобиваме со  важни морални начела  и реални животни ситуации – рече Халил.
 
Младите турски студенти нагласија дека  тие досега не сретнале еколошки проблем како што велешани го имаа со Топилницата. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »