речник контакт

И утре, сабота повторно вакцинација против ковид-19 во Уред

Вакцинирани неделава се околу 700 лица од Велешко, со прва, втора или трета доза

Петар Печков

 Повторно околу 700 лица се вакцинирани неделава  против ковид-19 во Велес. Податоците се за изминатите четири дена, добиени се од Здравствен дом  и се -130 со прва доза, 135 со втора и 400 со трета доза, и во нив не се внесени денешните -петок. Како и мината сабота и оваа, утре, ќе има дежурство за вакцинација, во пунктот во Здравствен дом во терминот од 8 до 13ч.

Вакцинацијата за заштита од ковид-19 се извршува со „Фајзер прва и трета доза и втора со вакцината со која лицето било вакцинирано со прва. И следната седмица продолжува вакцинација во домашни услови а заинтересираните можат да се пријават преку Здравствен дом.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »