речник контакт

И.Ј. осомничен за убиство и два обиди за убиство

По барање на јавен обвинител, судија во претходна постапка во Основен суд Велес му одреди еден месец притвор поради опасност осомничениот да го повтори делото или побегне

Петар Печков

Започнатата вербална  расправија, заврши со трагични последици, И.Ј. со удар од секира во глава ја усмрти сосетката Рахилка Темелкова (63 год).  Но тој ги нападнал и  комшискиот син и снаа  кои се здобиле со повреди.  Поради ова  И.Ј. (66 год)  заработи три кривични пријави, една  за убиство и две за убиство во обид доби а доби и  еден месец  притвор.

И.Ј.  е осомничен за убиство на сосетката   Рахилка Темелкова ( 63 год) како и за обид за убиство на нејзиниот син З.Т  и снаата С.Т. По барање на јавен  обвинител, судија во претходна постапка во Основен суд Велес му одреди еден месец притвор поради опасност осомничениот да го повтори делото или побегне.   

Кравата разрешница на вербалниот инцидент започнала во 10,40ч. кога  И.Ј. со нож ги нападнал соседите Рахилка и нејзиниот син и снаа кои биле во дворот од семејната куќа, која е лепенка, една до друга со куќата на осомничениот.  Имало караница, викотници, пискање,   пред куќата на Темелкови   на улица Методиј Андонов Ченто бр.22, во новиот дел на градот. 

Пружајќи отпор и бранејќи ги мајка му, сопругата и себе си,  синот З.Т.  со нож  бил повреден во левата рака а соседот И.Ј. се повлекол кај него дома. Нападнатите се качиле секој на својот кат од истата куќа ,  Рахилка долу а синот и снаата горе во домот за да ги санираат повредите.  Но И.Ј. се вратил овој пат со секира.

Насилно кршејќи ја ватата, влегол долу кај Рахилка го демолирал домот, при  што со удар од секирата и нанел тешка повреда во пределот на  главата. Сведок на дел од оваа крвава разрешница бил и седумгодишниот внук на Рахилка, кој доживеал тежок стрес од глетката.

Уште од првиот момент кога слушнавме викање, карање, пискотници, се јавуваме во полиција на 192, но  бројот беше постојано зафатен. Може имаше 10-тина минути, така што полицијата дојде за 15 минути иако е на само 2-3  минути од местото на настанот – велат соседите.

Дивеењето на И.Ј. според нивно сведочење го сопрел  соседот Димче, наставник кој собрал храброст  и  влегол во куќата и некако успеал да го  скроти сторителот. Набргу дошла полиција и го уапсила.  Рахилка била пренесена во ЈЗУ Општа Болница Велес, во животно загрозувачка состојба, со тешки повреди на  главата а три часа подоцна починала во Ургентен во Скопје. 

Наспроти крваво беснеење кај Темелкови, И.Ј. во болница и полиција бил мирен и тивок.  Чекајќи изјава за медиумите,  во велешката  болница за тежината на   повредите на подоцна починатата Рахилка, осомничениот  можеше да се забележи како   седеше на клупа , мирно со видлива рана од десното око. Откако повредата му беше санирана, со полициско возило беше однесен  во ПС Велес.     Таму само кратко рекол дека ова го стори во ,,афект,,.    

Сторителот беше за  во болница, а не за дома. Имавме и претходно проблеми. Беше женет  но пред повеќе години се разведе, има  возрасни деца. Живееше сам, иако има брат во истата куќа ама и тој  не комуницираше со сторителов. Имавме поднесено кривична пријава против И.Ј. за насилство ама во обвинителството ни ја отфрлија – вели член на  семејството. 

Истрагата треба да ги открие причините за крвавиот пир на сторителот, каде смртно настрада сосетката Рахилка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »