речник контакт

Иако имал судска забрана за приближување, син се заканувал кон мајката и останатите членови на семејството

Вчеравечер велешанец управувал автомобил во пијана состојба, полицијата го уапсила

Петар Печков

Четвртокот напладне син ја нападнал мајката и другите членови од фамилијата. При тоа оштетил дел од покуќнината.  Детали од информацијата на велешката полиција. 

„На 11 јуни  во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28 год) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето“ – соопштија од СВР Велес. 

Вчеравечер велешанец управувал автомобил во пијана состојба, полицијата го уапсила.

„На 11 јуни  во 23:03 часот на ул. „Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Г.(48 год) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Г. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта“ – информираа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »