речник контакт

Иван Чаповски го повлекува својот роман кандидиран за „Рациново признание“

Причината за повлекувањето е тоа што се именуваат личности за членови на жири кој делеле награди на пријатели или познаници

Петар Печков

Писателот Иван Чаповски го повлекува својот роман „Лазаровата ѕвезда над Њујорк“ од листата на кандидати за наградата „Рациново признание“, која се доделува кон средината на идниот месец во Велес. Тој вели дека пред неколку дена дознал дека неговото најново дело е земено предвид за награда, а е кандидирано од издавачот „Силсонс“.

За жал, на 50-годишнината од постоењето на „Рациновите средби“, на кои пред повеќе години ја добив наградата за романот „Магла“, морам да кажам дека причината за повлекувањето на моето дело е непочитување на големото име на Рацин, стожерот на современата македонска поезија, со тоа што се именуваат личности за членови на жири, како што Милан Ѓурчинов, кој речиси со децении ја играше улогата на егзекутор. Тој ги делеше наградите како од ракав на свои пријатели или познајници, а другите дела без оглед на нивната вредност не ги ни читаше. До кога во македонската литература, односно во македонската културна средина, ќе се случуваат немили случки поврзани со наградите - прашува Чаповски.Академик Ѓурчинов, пак, вели дека жирито веќе ги разгледувало книгите вклучувајќи ја и „Лазаровата ѕвезда над Њујорк“ и додава:

- Тоа не е играчка, има некој правилник. Пред да почне работата на жирито, имате можност својата книга да ја исклучите, но кога ќе почнеме да работиме, не може да се исклучи - вели Ѓурчинов.

Во своето најново дело Чаповски обработува актуелна тема од политичкото милје на Македонија. Централна личност во романот на Чаповски е Лазар Мојсов, позната личност во Македонија како вечен дипломат, но и како публицист. Освен него, опишани се и многу трагични личности - прогонството на Методија Шаторов-Шарло, потоа на Методија Андонов-Ченто, на Павел Шатев, на Венко Марковски и на неколку други.

 Сакав да опишам нешто што досега не е опишано, една личност на 25 години прави таква невозможна кариера врз туѓи несреќи. Неговата кариера се крева кон небото и почнува светот да го шета со златна кочија с` до оној период кога земјата за која се бори и работи, Југославија, пропаѓа. Што е најтрагично, а во романот тоа е опишано, му свртува грб и неговата родна земја Македонија. Тоа е главната идеја во романот. Тешко го пишував овој роман затоа што од повиканите 20 луѓе, живи сведоци кои работеле со него и го познавале Лазар Мојсов, 18 откажаа и не сакаат ни да чујат за тоа, дури и најблиските - објаснува авторот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »