речник контакт

Ивановски и Поп Арсова победници на полу маратонот одржан во Лозово (фото)

Се трчаше 15 км а учествуваа педесетина атлетичари но и рекреативци. Oрганизатор беше Општина Лозово

Петар Печков

Општина Лозово  и градоначалникот Бошко Цвтковски, по втор пат организираа атлетски полу маратон. Се трчаше 15 км а учествуваа  педесетина  атлетичари но и рекреативци. Стартот беше од  Лозово се трчаше преку село  Милино, Каратманово,  Дорфулија и назад, целта беше во Лозово.

Победници се Дарио Ивановски во машка и Андријана Поп Арсова, во женска конкуренција.    Втор на 15 километри во машка конкуренција беше  Жан Тосев а  трет Александар Арсов. Во женска конкуренција, втора беше Теа Божиновска,  трета Марија Стојановска. Победниците добија по 12, односно 8 за второ и 6 илјади денари за трето место.

Патеката во должина од 15 км ја истрча и  највозрасниот  учесник 77 годишниот Санде Стојановски од Лозово, редовен учесник на трки на долги патеки.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »