речник контакт

Ивановски со нова театарска премиера во Романија

Три сестри од Чехов поставена во Трговиште

Петар Печков

Во Градскиот театар ,,Тони Буландра,, од Трговиште Романија  минатиот месец беше поставена  претставата ,, Три сестри ,, од Чехов  во режија на македонскиот режисер, велешанецот Алексадар Ивановски.  Со неа отворена е  сезоната на претстави  од руски класици, со која во овој  театар  ќе бидат поставени повеќе текстови од руски автори. 

Прв пат работам  во  театарот во Трговиште, процесот траеше шест месеци, многу сум задоволен. Работата беше на  високо ниво,   актерите се избираа на национален  кастинг, имавме   пауза летото. Со овие полугодишни подготовки, екипата доби време да созрее тоа што го работи. Резултат  е претстава која силно одекна во Романија, комплицирана е за гледање три часовна  партитура, актерските ангажмани  одлични, резултира со катарза и исполнета сала. Имаат  барање за гостувања и турнеи не само низ Романија. Првото ќе биде во јануари  Букурешт – вели Ивановски.    

Ова е негова прва поставка на Чехов во режисерката работа а четврта премиера во Романија. Во 2000-та уште како студент ја работи ,,Диес и Рае,, по текст  на Жанина Мирчевска, во   театарот Ариел  во Тргу Муреш.  Во 2002-та  во копродукцијана три театри  во Тргу Муреш поставува текст на германската авторка  Деа Лохер, ,,Куќа на странци,,.  

А во 2013-та ја работи ,,Кризе,, од современ романски автор пак во театарот  Тргу Муреш со која имаат учествувано на театарски фестивали во Украина, Португалија.  Театарот  ,,Тони Буландра,, од Трговиште, каде ја постави ,,Три сестри,,  изминатиот период бил на гостувања во Шкотска, Алжир,   Јужна Кореја,на повеќе фестивали.  

Лани во 10 месеци работа имале 16 премиери.   Истовремено освен Ивановски, есенва  во овој театар работеле и  режисер од Ерменија   со ,,Отело,   режисер од Русија работел раскази од Чехов, се работела и  Нора од Ибзен.   Лани театар,,Тони Буландра,,   гостуваше  на театарскиот фестивал ,,Импакт,, во Велес .  Ивановски посебно е горд на неговата поставка на претставата  ,Добрата надеж,, на холандскиот автор   Херман Хеерманс, која есенва ја постави на матичната сцена од велешки театар. 

Задоволен сум од ова претстава, каде го отворив  прашањето на работничката класа, правата на работниците и нивното угнетување.   Ми беше битно да го направам овој текст во Велес. Кој важеше за работнички град, сега е без идентитет. Не успеваме како град, како луѓе, генерација  да создадеме приказна за тоа. Некој помлад не знае за што се случувало. Затоа  ,,Добрата надеж,, излезе можност да ги отвориме тие прашања – потенцира Ивановски, кој има дипломирано во 2002-таа на ФДУ во класата на проф. Слободан Унковски.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »