речник контакт

Ивица Андонов годинава го фати крстот на Водици

Десет години скокал, годинава му се посреќи

Петар Печков

Дваесет и седумгодишниот Ивица Андонов  годинава беше најумешен и најсреќен и од 59-те велешани кои скокнаа по крстот во реката Вардар, тој беше најумешен.  Ивица кој живее во Потокот,  со друштвото од тројца  другари имаа денес најголема среќа. 

 На моите сограѓани им посакувам среќа, здравје, работа.  Пресреќен сум. Скокам  од   15 години и годинава за прв  пат го фатив. Убаво ми почна годинава  - рече младиот Ивица. Тој е невработен, женет и  татко на една шестгодишна  ќерка.

На овој ден Бог се јавува во сите три лица. Денес сите води се осветени така и ние нашиот  македонски Јордан го осветивме.   Така и ние во Велес го сторивме тоа а момчето кое го фати крстот, да добие скромни  подароци. Не сакам овој празник да се комерцијализира, туку симболички да се награди.   На момчето кое го фати крстот му посакувам здравје и среќа, нека си смисли желба и нека се моли на Господ годинава да   му ја исполни - порача Владиката Агатангел, Митрополит на  Повардарската Епархија.    Во следните 40 дена Андонов со крстот ќе ги посетува домовите на велешани а тие ќе го даруваат.Повардарската Епархија на МПЦ-ОАС  му подари златно  крвче и Библијата. Подароци доби и од Општина Велес, ЈКП Дервен, ЈВП Лисиче како и кумот Јордан  Пановски  сопственик на бутиците Бон -Тон.

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица).

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20  јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Собор на Свети Јован Крстител, именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »