речник контакт

Игор Јорданов прв пат скокна и веднаш го фати крстот на Водици во Велес ( фото и видео)

Во Башино Село крстот од Вардар го фати младиот Матеј Тодоров

Петар Печков

Дваесет и две годишниот велешанец Игор Јорданов од Потокот,  беше најумешен и го фати крстот на Водици во Велес. Тој меѓу 91 пријавен имаше можност да го фати осветениот крст положен во водите на реката Вардар. Игор за прв пат скокна во осветените води на реката Вардар и веднаш го фати.  Тој е вработен во фирма во Скопје.

На сограѓаните им посака здравје, радости и убава 2024 година. Според традицијата, тој од утре ќе може да ги посетува домовите на жителите како во градот ,така и во населените места за  тоа да биде даруван.

За безбедност на учесниците се грижеа Тимот за заштита пpи катастрофи од ОО на Црвен крст Велес, екипа нa Здружението  Спасител за безбедност на вода од Велес, од петте кајак клуба во градот и екипата на Итната помош кој немала потреба од интервенција.  

Свечениот чин на водосвет се одржа од Мало мовче а крстот во водите на Вардар го положи Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија.

Претходно се одржа утринска литургија во црквата Св. Спас од каде литијата о верници тргна по улиците на градот. Митрополитот Повардарски Агатангел му ја подари на  Јорданов Библија и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. Кум на годинашнава манифестација Водици беше Дејан Мирсинов а догодина кум ќе биде  Марко Колев.

Водици уште утрово во 8,30 се одржа во водите на реката Вардар и тоа во Башино Село.. Таму седуммина момчиња скокнаа во водите а најумешен да го фати крстот беше Матеј Тодоров.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »