речник контакт

Идентификувано е пронајденото тело кај Филтерна

Телото од Судска медицина било предадено на семејството за погреб.

Петар Печков

Идентификувано е човечкото тело, кој пред десетина дена на 6 јануари  беше пронајдено кај Филтерна. Станува збор за лицето Никола Попов (66 год) од Велес, кај познаниците и пријателите познат како Бибата.

Тој беше пријавен за исчезнат на 19 јули минатата година.  По извршеното препознавање по облеката, а со ДНК трагите од членови на неговото семејство, било потврдено  дека пронајдениот е  Попов.

Телото од Судска медицина било предадено на семејството за погреб.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »