речник контакт

Иднината е во храната и се бараат стручни кадри за оваа проблематика, им порачаа од Технолошко -техничкиот факултет на идните студенти (фото)

Отворен ден за матурантите, потенцијални студенти на единствената високо образовна институција во Велес

Петар Печков

За учениците матуранти, Технолошко -техничкиот факултет од Велес имаше отворен информативен ден. Во два термини од 11 и до 14 часот, бројни потенцијални студенти ги слушнаа причинети, зошто овој Факултет  да биде нивен избор за продолжување на нивното образование.  

„Од тука испраќаме порака до младите, идните студенти, дека иднината е во храната. Се повеќе се произведува и зголемена е побарувачката за храна. Со тоа и побарувачка за едуциран кадар  од областа на прехранбената технологија, биотехнологија и нутриционизмот.  Нашиот факултет ги нуди за образование овие две актуелни и атрактивни програми.  Со современите студиски програми на првиот циклус од нашиот факултет, се едуцираат стручни кадри кои своето место го наоѓаат во современата прехранбена индустрија и се бараат на пазарот на труд. Нашите студните практични знаења добиваат во прехранбената индустрија во Велес “ - кажа   Татјана Калеска, декан на ТТ Факултет Велес .


Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. И тој е единствена високо образовна институција која постои во Велес.

„Да соопштам дека сите идни студенти бруцоши  на нашиот факултет, се ослободени од плаќање на партиципација. Тоа се однесува за студенти од прва година, додека втора , трет и четврта тоа  се плаќа. Тие средства од 6,1 илјади денари можете да ги искористите за други ваши потреби. ова е трета година по ред ако се спроведува оваа одлука на Технолошко Технички  Факултет. Вашето знаење можете да го употребите во спортот, секојдневниот живот,во фитнес, велнес клубови “ - кажа   Сашо Мартиновски продекан за финансии.

На студенти на факултетот на располагање им се четири лаборатории, информатички кабинет. Завршените студени добиваат  звање инженер и студирањето трае четири години.

„На факултетот имаме две програми во прв циклус на студии - прехранбена технологија и биотехнологија, а втората нутриционизмот. Тој до скоро беше единствена студиска програма во Македонија но и пошироко.   Имаме и можност да се продолжи образованието на втор и трет циклус студии, магистратура и докторски студии. Таргет целни  групи за работа би биле децата од градинките од училишта, старечки домови“- кажа проф. Татјана Блажевска.  

Технолошко -техничкиот факултет до Велес  започна со работа во есента 2008 та година и е сместен во просториите на поранешниот хотел „Вила Зора. “  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »