речник контакт

Избеган малолетник од затвор, кавадарчанец, уапсен во Велес каде сторил 11 тешки кражби

Велешанец ги нападнал родителите со остар предмет и се обидел ја запали семејната куќа

Петар Печков

Уапсен малолетник  од Кавадарци, кој во Велес за два дена извршил 11 тешки  кражби  или имал обид за тешка кражба. Детето  било во бегство од малолетнички затвор.


„На 12. февруари  полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 17-годишник од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 10.- 12. февруари  на подрачјето на Велес извршил пет тешки кражби и шест тешки кражби во обид, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа малолетнички затвор Тетото поради бегство од затворот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. По целосно документирање на случаите, против него полицијата  ќе  поднесен соодветен поднесок.  

Полицијата информира  и за друг настан, кога велешанец ги нападнал родителите и се обидел ја  запали семејната куќа ,

„На 12.02.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(31 год) од Велес. Тој, по кратка расправија, со остар предмет се заканил на неговите родители и со бензин се заканил дека ќе ја запали семејната куќа“ -дополни Самарџиев.
 
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »