речник контакт

Избирачките одбори чекаат пари, пари пет месеци нема

750 велешани пет месеци ги очекуваат надоместоците за двојните избори од април годинава

Петар Печков

Револтот  и незадоволство  е присутно кај поголемиот дел од  членовите  на избирачките одбори но и кај Општинската изборна комисија кои се' уште не ги добиле надоместоците за парламентарните и претседателските избори што се одржаа пред пет месеци.

Во април имаше двојни избори а еве пет месеци потоа, на крајот од септември парите за одборите ги нема. Во велешко тоа се 74 избирачки е места по 10 члена и 10 члена   на ОИК, вкупно 750 лица  кои чекаат пари.

Минатата година општината иако новина, таа да ги подмирува трошоците,  бргу ги исплати парите. Државата еве не е  кадарна да ни исплати. Секој работи за пари, кои беа  ветени, предвидени со Буџет, така  што не знам зошто толку се одолговлекува  - вели еден од членовите на ИО.  

Претседателот на ДИК, Никола Рилковски, тврди дека проблемот со неисплатените пари не е до нив, туку до Министерството за финансии, кое според процедурата треба да ги исплати трошоците.

Објаснува  дека ДИК ја завршила на почетокот на јуни својата обврска, ги подготвила пресметките и ги доставила до Министерството за финансии. Чудно е што се исплатени четири ОИК а другите не.

Од Министерството за финансии досега  не кажаa  зошто пет месеци по одржувањето на изборите на изборните органи, не им се исплатени надоместоците. Нема информација за точно колкав долг станува збор, ниту пак кога ќе се исплатат парите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »