речник контакт

Избрана комисијата која ќе одлучува за актерската награда „Петре Прличко“

Наградата ќе се врачи на 27 март, Светскиот ден на театарот

Петар Печков

Ланскиот лауреат Тони Михајловски и велешките актери Александар Ѓорѓиев кој наградата Петре Прличко ја доби во 2021 година и Зорица Панчиќ, која годинава одбележува 30 години на сцената, се членовите на комисијата за доделување на годинашната актерска награда за животно дело „Петре Прличко“.

Ова е одлука на Советот на Општина Велес, која го доделува признанието заедно со велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Тоа се состои од паричен дел и плакета.

28 февруари беше последниот ден за доставување предлози за наградата, која ќе се врачи на 27 март, Светскиот ден на театарот. Велешкиот театар тогаш премиерно ќе ја изведе претставата „Сомнително лице“, во режија на Синиша Евтимов, со што ќе започне и театарскиот фестивал „5ре“.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »