речник контакт

Извидниците дебатираа за потребите на младите

Како да се надминат заедничките проблеми и остварат потребите

Петар Печков

Во организација на  Сојуз на извидници на Македонија и извиднички одред  “Димитар Влахов“ од Велес се одржа првата тркалезна  маса со млади, со цел да се идентификуваат потребите на младите  од Велес. На тркалезната маса учество земаа  25 извидници и млади од Велес  на возраст од 14 до 18 години. 

Идентификацијата на потребите на младите  си изврши преку методите кои се  користат во неформално образование,работа во мали групи и тимска работа. На настанот младите зборува за нивните потреби, а воедно и работеа на заедно (вмрежување) и изнаоѓање на решенија и  создавање на чекори за да се надминат заедничките проблеми и да  се остварат своите потреби.

Потоа во Младинскиот парк во Велес се организираше отворен штанд  каде што беше поставен мерач на демократија, промотивен материјал преку кои се подига јавната свест на младите и сите можности за поттикнување на врежувањето на младите во Република Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »