речник контакт

Извлечени добитниците на наградната игра „Адреналинска ЖИТО авантура“

Наградниот фонд за наградна игра Адреналинска Жито авантура изнесуваше близу два милони денари

Петар Печков

Со голема забава, дружење и музика заврши Наградната игра – Адреналинска Жито авантура, на националниот малопродажен сиџир, Жито Маркети. На настанот, којшто се одржа во Амфитеатарот кај Младинскиот парк, во Велес во петокот вечерта, како врв на оваа наградна игра во траење од 45 денови беа извлечени најсреќните добитници на супер вредниот награден фонд.

“Им благодариме на сите коишто со своето присуство и со позитивна енергија ја разубавија оваа наша манифестација на музика, играње, пеење, весело дружење и, се разбира, на наградување. Од сè срце им честитаме на сите добитници, во добро расположение и со здравје да ги трошат и да ги служат наградите.”, велат одговорните во Жито Маркети.

Наградниот фонд за наградна игра Адреналинска Жито авантура изнесуваше близу два милони денари, а во него беа вклучени 100 вредносни ваучери од по 1.000,00 данари; 100 вредносни ваучери од по 3.000,00 денари: Три мобилни телефони; Три вредносни ваучери од по 100.000,00 денари; Пет четирицикли со по 250 cm3: Еден четирицикл со 500 cm3. Сите добитници на вредните награди можат да се прочитаат на сајтот и на социјалните мрежи на Жито Маркети.

“На сите останати коишто учествуваа во Адреналинската Жито авантура, а овој пат останаа без награди, им пожелуваме повеќе среќа во следните вакви и слични наградни игри, подарувања и наградувања коишто нè очекуваат од Жито Маркети и во следниот период. Затоа што ние цврсто се држиме до нашето мото: Секогаш верни на вас!”, нагласуваат во компанијата.

 ПР текст

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »