речник контакт

Извршен технички прием на Покриениот пазар

Констатирани се недостатоци кои во рок од осум работни дена изведувачот треба да ги отстрани. За опремување на пазарoт ЈКП Дервен набави 160 нови пазаришни тезги, кои се купени од сопствени средства вo висина од 3 милиони денари.

Петар Печков

Извршен е технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствувале  претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган  МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервени од Општина Велес. Изградбата на овој дел од пазарот е инвестиција од 36 милиони денари.
 
„Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани недостатоците утврдени при увидот на објектот“ - соопштија од Општина Велес.
 
Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот. Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.

„Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот“- додаваат од локалната власт.

Рокот на изведба на горниот дел од пазарот беше четири месеци, заклучно до 4-ти август, но се пролонгираше неколку пати.

За опремување на покриениот пазар  ЈКП Дервен набави 160 нови пазаришни тезги, кои се купени од сопствени средства вo висина од 3 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »