речник контакт

Изгаснат пожарот кај Црквино

Изгорени се околу 300 ха површина

Петар Печков

Во текот на ноќта велешките пожарникари го изгаснале пожарот кој претходниот ден околу пладне пламна во близина на селото Црквино.   Изгорени  биле околу 300 хектари површина, ниско стеблеста шума смрека, даб и сува трева а огнот стасал и до самото село Црквино. 

Ноќеска пожарот е ликвидиран. Се префрли и до Грнчишка река, но го ставивме под контрола а потоа и го изгаснавме - изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес. 

Надлежните апелираат до сточарите, земјоделците,  да не палат стрништа, бидејќи тоа ја загрозува и безбедност ана луѓето.  Пролетва во велешко имаше случај на починат човек, кого го зафатила тревата кога запалил стрниште.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »