речник контакт

Изгоре викендичка во село Владиловци

Во гаснењето на огнот со повреди се здобиле две лица

Петар Печков

Вчера на пладне, понеделник,  во пожар изгорела викенд куќа во село Владиловци. При гаснењето две лица побарале помош во велешка Болница.

„На 27 јуни  околу 13.45 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Владиловци, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Б.М. од Кавадарци. Во пожарот куќата целосно изгорела, а при гаснење на пожарот со повреди се здобиле сопственикот Б.М. и И.П“ - соопштија од СВР Велес.
 
Двете повредени лица им била укажана помош  во Болница Јасеново. Имале полесни повреди од огнот и биле пуштени на домашно лекување.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил изгаснат. Во локализирањето учествувале две возила и пет пожарникари. Била опожарена површина од 100 м2 како и дворно место. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »