речник контакт

Изгоре куќата на Габерови

До темел огнот ја уништи куќата на Габерови, една од бисерите на велешката стара архитектура

Петар Печков

Изгоре куќата на Габерови, една од постарите објекти со автентична велешка архитектура. Пожарот кој се случил во 6 часот утринава, ја уништи куќата до темел  и се што имаше во неа а старицата која живееше во неа минала без  повреди  откако навреме избегала. Соседите раскажуваат дека   огнот бргу ја зафатил куќата, бидејќи таа била со многу дрвени елементи, прво го зафатил кровот а потоа и остатокот од неа.

Во куќата немаше струја, бидејќи потстанарите кои претходно живееја на горниот кат, не ја плаќале струјата а старицата со скромната  пензија не беше во можност да го плати  долгот, и живееше на свеќи. Утрото станала да го запали плинското за да свари кафе, но тоа ја зафатило околината, жената избегала не можела во паника да стори нешто, по што огнот ја зафатил куќата и ја уништи до темел – велат соседите.

Старицата имала и одредени психички проблеми, но сепак со пензијата успевала да преживува и без електрична енергија. Од огнот беше зафатена во мал обем и соседната куќа лепенка, на улицата ,,Скопска,,. Пожарникарите пет часови го локализираа огнот, бидејќи куќата е во месноста Дворови, каде има тесни сокаци и немаа пристап до запалениот објект.

Таваните на  куќата на Габерови  беа вистинско ремек дела, со розети, ѕидовите со долапи за чување на облеката а по подовите миндерлаци за седење. Сето тоа неповратно изгоре во огнената стихија. Истата беше под заштита на државата поради нејзината архитектонска вредност. Таа се смета дека е изградена при крајот на 18-тиот век од страна на турски бег, поради што е поделена на машка и женска.  Подоцна нејзин сопственик станува Стеван Габер професор на правниот факултет во Скопје по што го добива името куќата на Габерови, кој по иселувањето од Велес, ја  продава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »