речник контакт

Изгоре обложуваница во Градско, се запали автомобил близу Велес

Викендов пожарникарите го минаа работно

Петар Печков

Во неделата утро се запали обложувалница ,,Плеј -ин,, во населбата Градско, која изгорела до темел. Според противпожарната единица  од Велес, огнот избувнал во 7,30ч. а бил локализиран во 10,15ч. Објектот изгорел до темел.

Екипите на ППЕ беа на терен од 8 до 10,15ч. Огнот прво ја зафатил кровната конструкција па потоа се прошил по објектот. Два и пол часа пожарникарите го гасена огнот. Причините за пожарот дополнително ќе бидат познати, како и причинетата материјална штета - изјави Љупчо Лепидовски, командир на ППЕ од Велес.

Во моментите кога започнал огнот, во објектот немало никого и тој не работел. Велешките   пожарникари имале интервенција и во текот на ноќта сабота кон недела, нешто пред полноќ. На излезот од Велес, во правец кон Штип, на магистралниот пат кај Ново Село се запалил автомобил САБ, со бугарски регистарски таблички, управуван од жителка на Кочани Весна З.   

Првичните информации велат дека автомобилот кој бил на плин, излетал од патот и потоа се запалил. Среќна околност е што мајката бргу реагирала и го извлекла детето, така што двајцата патници немаат повреди и се се завршило со материјална штета. Пожарникарите интервенираа од 23 до 1,40 часот - изјави Лепидовски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »