речник контакт

Изгоре свињарската фарма на семејството Лазови

Изгоре свињарска фарма во близината на Велес а сторена е голема материјална штета, некои од свињите изгореле, други избегале.

Петар Печков

Според полицијата пожарот е регистриран во неделата 5 часот наутро, во фармата сопственост на велешанецот Живко Лазов ( 77 год) на приодот  кон градот, од правец на Штип. Според извршениот увид на СВР Велес изгорени се дваесетина свињи, еден трактор и друга помошна механизација, повеќе стотини лити нафта, додека останатите свињи од фармата се избегани.

 

Полицијата ќе ја истражува причината за пожарот, во кој материјалната штета според сопствениците  е педесетина илјади евра а огнот пожарникарите го гаснеле два часа. Тие велат дека слушнале две експлозии, додека сопствениците семејството Лазови, чиј син Горан е некогашен пратеник во републичкото собрание , тврдат дека огнот е подметнат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »