речник контакт

Изгоре стан во Велес, опожарен мерцедес

И на минус десет огнот царува

Петар Печков

Противпожарната единица од Велес претпладнево  и ноќеска интервенираше во два наврати во Велес. Ноќеска во еден часот изгорел стан во населба Тунел, во т.н. социјални станови. Велешанка го запалила станот откако ќумбето на која се греело, ја зафатил околината. Таа наместо дрва и ќумур користела  стари алишта и пластика, што допринело станот комплетно да биде уништен. Сопственичката на пожарникарите им објаснила дека поради тоа што нема средства, а струјата и била исклучена, морала да се грее со алишта и пластика.   Пожарникарите огнот го гаселе два часа до три наутро, за да с е спречи да се прошири на соседството.

Во вториот случај  на автопатот Велес – Скопје,  кај месноста Кула, опожарен е нов мерцедес, штотуку набавен. На угорнината се запалила инсталацијата, така што е уништена машината на автомобилот. Со брза реакција на пожарникарите огнот беше изгаснат.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »