речник контакт

Изгореа магацинските простории на ЈКП Дервен

Дополнително ќе се проценува материјалната штета

Петар Печков

Вчеравечер , вторник во пожар кој ја зафати магацинската просторија на ЈКП Дервен, изгоре објектот и опремата која беше сместена во него. Дополнително ќе се проценува материјалната штета.

„Вторникот на  17 октомври  во 19:22 примена е дојава за настанат пожар во помошни простории на ЈКП ДЕРВЕН, наспроти управната зграда. ТППЕ Велес излезе на лице место со 2 против пожарни  возила и шест пожарникари спасители. По пристигнувањето на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза од лице место побарано е помош од уште една противпожарна  цистерна и еден пожарникар спасител. Со брза интервенција пожарот за брзо е ставен под контрола и целосно ликвидиран“ - соопштија од ТППЕ Велес.

Од Центарот за управување со кризи додаваат дека при пожарот опожарен е простор од околу 200 м2 а огнот е локализиран во 22ч.

Од ЈКП Дервен соопштија дека во зградата се чувала опрема за работа на РЕ Паркови и зеленило, работна облека на вработени. Објектот бил осигурен, инсталацијата била промената пред 10 години а во него немало никаков вид на греење.   Истрагата на СВР Велес треба да ги открие причините за пожарот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »