речник контакт

Изградба на 40 куќи во Велес

Велешките советници по кратка и итна постапка на седницата на Советот ги донесоа промените на Деталниот урбанистички план за населбата „Тунел 2“...

Петар Печков

Велешките советници по кратка  и итна постапка на седницата на Советот  ги донесоа промените на Деталниот урбанистички план за населбата „Тунел 2“ со што отворија простор за изградба на 40 станбени единици наменети за семејства со ниски примања.

По барање на невладината и непрофитна американска организација „Хабитат“ и во согласност од Министерството за транспорт и врски извршена е оваа промена.

Така сега „Хабитат“ ќе може да започне со изградба на 40 куќи, секоја со по 65 метри квадратни, кои ќе чинат 20 илјади долари.

Рокот на исплата е 20 години по четири илјади денари месечно рата.

Населбата би била готова за една година.

Со донесувањето на овие промени се легализираа и повеќе дивоградби во населба Тунел 2 но и други  доградби чии сопстеници работеле  без дозвола.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »