речник контакт

Изграден е летниковец во Младински

Има и лулашка за лица со посебни потреби

Петар Печков

Изграден е летниковец во Младинскиот парк, а до него е лулашка, која е наменета за лица со посебни потреби. Овие нови содржини од омилениот простор за шеталиште на велешани, ќе ја зголемат можноста за одмор  а лулашката ќе им овозможи забава на децата со попреченост, кои досега не ја почувствувале забавата на ваква справа.    

Истражувањата на Светската Здравствена организација покажаа дека 10  отсто од популација  имаат одредена попреченост.  Токму поради нив се изградени овој летниковец и лулашка. Се надевам и очекувам дека  ќе траат подолго време и нема да бидат уништени или оштетени - изјави Далиборка Златева од ,,Здружението за лица со церебрална парализа,, .  

Новите содржини в о Младинскиот парк се дел од проектот ,,Живееме во ист свет,,  и чинеа 200 илјади денари. Создадени се  во соработка  на Вардарски  Плански регион и со УНДП а слични има и  во други четири општини, Градско, Чашка, Кавадарци и Росоман.

 Во Велес во рамките на истиот проект пуштен лифт за лица со посебни потреби во ОУ Васил Главинов и санитарен јазол. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »