речник контакт

Изградена пристапна рампа за Младинскиот парк

Лицата со посебни потреби и децата во количка имаат обезбеден пристап до омиленото шеталиште на велешани

Петар Печков

Завршена е изградбата на пристапната рампа за Младинскито парк. Општина Велес ја финансираше нејзината изградба со цел на одредена категорија сограѓани, им го олесни пристапот до овој простор.

Така сега лицата кои користат количка, не ќе мора да се мачат нивнитеи придружници, роднини или блиски  на раце да ги качуваат по скалилата. Ваква мака имаа и родителите кои имаат бебиња, и кои исто така  не можеа да дојдат до овој простор, каде се случуваат многу настани.

 Младинскиот парк беше изграден пред двесетина години од Топилница, но никогаш со решена инфраструктура, иако имаше повеќе негови преуредувања. По реакциите на засегантите лица, локалната власт го реши овој проблем на почетокот од пролетва и  неговото користењето како омилено шеталиште на велешани., сега е достапно на сите.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »