речник контакт

Издаден каталог за Спомен костурницата

Повод 40 години од нејзината изградба

Петар Печков

Велешкиот Народен Музеј, неодамна го издаде каталогот  ,,Спомен костурницата а загинатите борци од НОВ од Велес и велешко, каталог, водич,, . Неа ја подготви Марин Клифов, виш кустос, раководител на објектот. Повод за издавањето  беше 11-ти октомври, денот кога пред 40 години, овој грандиозен споменик беше предаден за користење.

Ова е брошура која посетителот на Спомен костурницата го запознава со  историјата на  град Велес а акцент даваме на објектот.  Опишано е значењето ан мозаикот на Мазев, кога е започната градбата, со авторите, идејата, сите детали важни за неа, од конкурирањето па се до отворањето. Има 56 фотографии, некои досега не објавувани,  од чествувања, различни настани, од Рацинови средби кои таму се одржувале, впечатоци од посетители -извадоци од книгата за впечатоци, од познати личности, ученици,  странци кои биле таму - вели Марин Клифов в.д. директор на Народниот музеј од Велес.   

Каталогот беше дел од програмата за работа на историското одделение на Народниот Музеј, поддржано од Министерството за култура.

Три години  по изградба од 1976-1979 на 11 Октомври 1979 година Спомен костурницата во Велес била  свечено отворена а на 9 ноември, Денот на ослободување на Велес, од црквата „Св.Пантелејмон“  во Спомен костурницата биле пренесени коските на 78 борци од Велес и велешко, меѓу кои и на Коста Солев Рацин. 

Спомен костурницата во Велес е дело на инженер архитект Саво Суботин и академскиот вајар Љубомир Денковиќ од Нови Сад, а ја симболизира вековната борба на македонскиот народ за слобода. По форма претставува афионов цвет кој во даден момент распукува и го симболизира раѓањето на слободата и новиот живот.

Мозаикот во внатрешноста е дело на академскиот сликар Петар Мазев. Авторот на оваа монументална композиција во пет епизоди  прикажува моменти од македонската историја, од време на турскиот период до денес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »