речник контакт

Издаден прирачник ,,Благцето на баба,,

Во него има 150 рецепти на старински блага од повеќе градови на Македонија

Петар Печков

Mанифестацијата Благцата на баба доби и свој прирачник. На 17-тото дружење, одржано пред недела дена беше промовиран и  прирачник со рецепти. Во него има околу 150 рецепти од жените учеснички  на ,,Благцето на баба,, кои со нивните  специјалитети  се  претставиле во Велес.

Оваа мала книга има големо значење, во неа се зачувани старите вкусови на многу генерации Македонци.  Кога започнавме со организирањето не очекувавме дека таа ќе прерасне во вака голема манифестација каде има донесено повеќе од  илјада  блага од сите краишта на земјава – вели Лилјана Андреевска иницијатор на   средбите.

  Во прирачникот освен од Велес има рецепти и на блага од Гостивар, Охрид, Радовиш,  Неготино, Кичево,  Крива Паланка, Крушево,   Штип, Неготино, Битола... Во него ги има повеќето старински блага, фурми, гурабии, шеќерпаре, татлии, раванија. Истата по цена од 50 денари може да се набави во велешкото здружение на пензионери. Таа беше отпешатена со финансиска помош на општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »